Почетна / Сапуници / И Србите ја откупија најквалитетната грчка драма „Пелин и мед“

И Србите ја откупија најквалитетната грчка драма „Пелин и мед“

Историска драма која привлече големо внимание и достигна енормна гледаност во Грција за време на нејзиното прикажување. Серија чие дејство се одвива во 1958-мата година, време кое е од голема сентиментална важност за грчкиот народ, време по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција.

Освен историските обележја од тој период, серијата ни претставува и одредени традиционални особености и фолклор карактеристични за тие декади во Грција.

Одличната продукција, интригантните заплети, селскиот амбиент во кој се снимаше, актерите дотогаш непознати за грчката телевизиска публика и големото искуство на целиот продукциски тим беа пресудни да секоја епизода од оваа новела ја следат околу 2 милиони Грци секоја вечер.

На Сител телевизија имаме можност да ја следиме секоја сабота по “Ѕвездите на Гранд”, а освен кај нас, серијата веќе започна со емитување и во другите земји од регионот. Па така, на кабловската Уна телевизија која ги покрива Србија, Црна Гора и БиХ, се емитува секој работен ден во 14 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!