Вести, политички емисии и дебати. Во тоа се состои во главно програмата на телевизија Алфа. Секако, цел прајмтајм е исполнет со репризи на српската емисија Проводаџија.
Сето она што беше премиерно за Алфа како странска програма повеќе не се емитува. Па така, наместо турска серија, во 16.30 часот се прикажуваат репризи на народни приказни.
За разлика од Алфа, телевизија Сител емитува домашни верзии на три светски лиценцирани формати, премиерни турски, американска, грчка и колумбиска серија.
Канал 5 исто така емитува премиерни турски серии за својата публика, а пак за Телма да не правиме муабет – таму целата програма е исполнета, од американски и европски серии, теленовела, странски документарни серијали, премиерни американски и европски филмови до домашен квиз, шоу биз магазин, ток шоу емисии, истражувачка емисија, емисија за спорт, емисија за уредување на градини, емисија за автомобилизам итн.
До кога телевизија Алфа ќе емитува само репризи и политички емисии? Дали гледачите на една национална телевизија заслужуваат премиерна странска програма?
Оваа телевизиска сезона, телевизијата ја најавуваше многу амбициозно со најнови филмски остварувања, српски и хрватски сапуници, но повеќе ништо од тоа не се емитува во текот на денот.
| ТВ Пакет