Од понеделник до петок на Канал 5 телевизија во 16 часот се емитува новото реално македонско шоу “Диетално максимално”.
Емисија во која ќе се одберат пет кандидати со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.
Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.
За потсетување, пред околу 20 години, емисија со сличен концепт одеше и на А1 телевизија, додека пак во регионот одат лиценцираните верзии на американското шоу “The Biggest Loser”, чија хрватска верзија “Живот на вагa” се емитуваше пред 2 години на Алфа телевизија.
Дани | ТВ Пакет