Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Џими: „Не можам без ајвар и толчени суви пиперки, мора да сум Македонец”

Џими: „Не можам без ајвар и толчени суви пиперки, мора да сум Македонец”

Празнично расположени, јајцата исфарбани, домашната пита испечена и носијата спремна – како што треба тимот на Нешто конкретно ги пречека гостите на тема : карактеристики на Македонките и Македонците токму на ден Велигден.

Не сме прави Македонци ако во некоја тегла од мајонез не чуваме некаква зимница, не сме ние вистинските ако во пластична кутија од Еурокрем не чуваме сарми и не сме Македонци ако не свадба не го заиграме нашето оро, така велат.

Колку од вас од своите мајки ја слушнале реченицата „јас те родив, јас ќе те решам”?

Ако се пронајдовте во сите овие македонски карактеристики, повелете изгледајте ја емисијата доколку сѐ уште не сте го сториле тоа и да видиме што уште го прави Македонецот вистински Македонец.

Гости беа Симон Поликарп – Џими, шеф Марк Де Јонг, Зоран Кузмановски – Брко и Елена Јовчевска, па да видиме како ние изгледаме и во очите на странците.

Знае ли Џими што се тоа уроци или пак дали некогаш го фатило промаја? Тој ќе каже дека на почетокот не знаел и се чудел зошто луѓето се плашат од таа промаја, но после сфатил, промајата го фатила и официјално станал Македонец 🙂 . Тој исто така смета дека Македонија е библиска земја и оти ние не треба да се плашиме од уроци.

Слично искуство со промајата имал и шеф Марк така да можеме да заклучиме дека промајата е една од нашите заштитни знаци. Добро… и колекцијата на ќеси во ќеси исто така.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!