Почетна / Сапуници / Фото | Запознајте го главниот актер од „Рудници на страста” на Телма

Фото | Запознајте го главниот актер од „Рудници на страста” на Телма

„Рудници на страста” е нова мексиканска теленовела која секој работен ден ја следите на Телма телевизија. Во улогата на главниот протагонист Леонардо го следиме латиноамериканскиот актер и модел Освалдо де Леон. 40 годишниот актер зборува за неговата улога во серијата и неговата сличност со ликот што го игра :

„Двајцата работиме секојдневно за да бидеме подобри луѓе и да станеме најдобрата верзија од себе. Работам секој ден и сум благодарен, среќен да разговарам со сите луѓе на ист начин за да знаат дека сите се вредни и важни во нивните животи…

Во моите очи сите луѓе вредат, не е важно дали имаш пари, дали си бизнисмен, но треба да си човек во вистинска смисла, а Леонардо е ист во таа смисла.”

За неговата партнерка во серијата, ќе каже дека е исклучителна колешка, многу професионална, многу дисциплинирана.

– “Од целиот проект, јас и Ливија сме најдисциплинирани со одење во теретана, вежбање и внимање на исхраната иако работата на серијата и двајцата нѐ исцрпуваше додека снимавме. Ми се допаѓа што таа го брани својот карактер и сите промени што ги бара од мене се сосема логични. Ние работиме многу добро и мислам дека тоа ќе се покаже и на малите екрани.

Таа знае и да ме принуди да танцувам на нејзините TikTok видеа, па затоа се одмаздувам на друг начин, хаха. Не само таа, сите ние во актерската екипа сме на иста бранова должина, неверојатно се разбираме. Во оваа продукција не сакаат ега, не сакаат актери кои цело време се жалат.

Продуцентот е семеен човек и мислам дека тоа е она што го бара и од нас. Јас сум семеен човек исто така и мислам дека тоа многу ми помогна да се занимавам со лик како Леонардо, на пример. Внимателно нѐ избраа и тоа се покажува како добитна комбинација.”

Во однос на локациите на снимање, Освалдо ќе каже:

– “Сме користеле неколку рудници, еден во Пачука, друг во Мичоака. Рудникот Пачука беше многу интересен бидејќи од рудникот излегуваше студен воздух. Ако Пачука е жешка, рудникот бил ладен, тогаш е опасно затоа што може да се разболите, таму сте меѓу две температури.

Потоа отидовме кај друг во Мичоакан и беше спротивното, жежок рудник. Овој рудник е во Мексико Сити, температурата овде е прилично пријатна, но рудникот па беше полн со нечистотија. Морав да се валкам, да се борам, да се заљубувам во овие земји. Ги наполнив забите со нечистотија.”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!