Авалон продукција со задоволство ви го најавува првиот голем “open air” соло концерт на реално најголемиот регионален млад бенд, Буч Кесиди во Македонија, на 5ти јули на Стадион на АРМ, Скопје !
После распродадените концерти на Ташмајдан во Белград, Шалата во Загреб, Спенс во Нови Сад и 7 последователни концерти во Сакс во Загреб, со кои го потврдија статусот на моментално најголем млад бенд во регионот, после неколку фестивалски настапи во Скопје и низ Македонија, српското електро – рок дуо Буч Кесиди конечно доаѓа и во Скопје со голем соло концерт на отворено!
Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите, во 2019та година Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ,,Нема љубави у клубу” и ,,Недеља ујутру” како химни на една цела генерација на млади во регионот. Останатото е историја.
Буч Кесиди се единствениот млад бенд кој успешно ги спои ,,андерграундот” и комерцијалното, со што станаа еден од најпотентните бендови во регионот.
Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 900 денари
Дани | ТВ Пакет