Позитивни оценки од публиката за својата глума во актуелната серија на Сител добива и Ерман Шабан, млад искусен актер од Скопје, кој е дел од актерскиот тим на „Балканска приказна“. Ерман Шабан, кој е брат на Ертан Шабан, еден од попознатите актери во Турција со потекло од Скопје, Македонија, за серијата „Балканска приказна“ истакнува дека ова е приказна на сите, давајќи максимум уште од самите почетоци, пред воопшто да започне да се снима серијата овде во Скопје.
Спомнувајќи го позитивното влијание на ТВ серијата „Балканска приказна“ врз луѓето од регионот, Ерман Шабан вели: „Се разбира, генерално добиваме позитивни, пријатни реакции од моите сограѓани. Повеќето од нашите браќа Албанци гледаат турски канали преку сателитските предаватели, и од нив генерално добиваме добри реакции… И нашите браќа Македонци гледаат серии со преводи на социјалните мрежи, на интернет. Како што знаеме често да ја употребиме репликата од нашата ТВ серија „Ова е Скопје, овде има заеднички живот“…
Шабан во ТВ серијата „Балканска приказна“ го глуми Зафер, постариот брат на Ертан, кој исто како и Ертан се заљубува во Македонка на што неговото семејство се противи и е принуден да го напушти турскиот конак. За Зафер како лик од серијата, Ерман вели дека е донекаде тврдоглав лик кој подлегнал на чувствата што ги немал доживеано претходно, односно се заљубил.
- Зафер е млад скопјанец кој е многу приврзан за семејството, многу ги сака браќата, а го гледа чичко му како свој татко. Иако се обидел да им биде во исто време и татко на својот помал брат и сестрите, Зафер исто така е поединец кој останал без татко на млада возраст, пораснал со копнеж по својот татко и се обидел да застане на свои нозе колку што може, вели за ликот којшто го игра Ерман Шабан.
Во серијата „Балканска приказна” се прикажуваат делови од животот на две семејства од Скопје, турско и македонско семејства и силната но во исто време невозможна љубов на Јованка и Ертан како главни протагонисти во серијата.
Дани | ТВ Пакет