Се здружиле новинарчињата, песни ќе си пеат! Анонимни, тотално незвучни и неважни имиња за македонското новинарство на 30-ти март ќе се појават на сцената во Универзалната Сала, со надеж дека ќе бидат дел од голем спектакл. “Новинарите пеат”, или во случајов “Анонимците пеат” е новонастаната манифестација која наводно имала тенденција да стане вечност.
Како ќе стане вечност кога не нуди ништо актуелно и примамливо за гледање и слушање? Кога првпат слушнав дека ќе имаме нешто од ваков тип веднаш си помислив дека на таа сцена ќе ги видам истакнатите новинари во Македонија, но кога ги прочитав имињата на оние кои истрчале да се пријават и кои веднаш ги прифатиле, веројатно затоа што биле единствени, се ми беше јасно!
Но како и да е…
Chris | ТВ Пакет