Почетна / Сапуници / Зошто некому би му сметале турски серии кога имаме над 100 тв канали ?

Зошто некому би му сметале турски серии кога имаме над 100 тв канали ?

До кога со овие турски серии, Само пукање омраза и семејни сплетки, Ништо поучно од овие серии, До кога ќе гледаме само ова на тв, Нели знаат нешто друго да даваат телевизиите, Цел ден само вакви серии … се коментари кои често ги читаме на интернет, особено на статии кои ги објавува нашиот портал, а се однесуваат на турските серии.

Она што е нејасно – зошто некому би му пречеле одредени телевизиски содржини во време кога сите имаме кабловски телевизии, сателитски телевизии и стриминг платформи со над 100 канали во програмската понуда? Дури и најбазичните понуди на операторите имаат по 60 канали.

Па зар сите тие 60, 100 или небитно колку, даваат турски серии?

Одговорот е секако НЕ.

Сител и Канал 5 телевизија се единствени кои емитуваат турски серии во ударни термини, но тоа е само мал и незначителен процент од сите телевизии кои ги имаме во понудата. Процентуално, тоа е во најлош случај, 3% од сите телевизии кои ни се на располагање преку операторите.

Доколку гледачите сакаат да следат македонски телевизии, тогаш МРТ 1, МРТ 3, МРТ 5, Телма, ТВ 24, Алфа, Наша ТВ, Сонце и локалните тв не емитуваат турски серии.

Дури и на Сител, освен турски серии, имате можност да следите и американска серија, грчка, колумбиска серија, домашни верзии на светски гејм шоуа, балкански музички шоу програми, како и дневни утрински, контактни, забавни емисии и вести. Очигледно е дека Сител не дава само турски серии?

На Канал 5 исто така освен турски серии, може да следите и политички дебати, емисија за готвење, забавни  домашни емисии за викенд, емисија за кулинарство. Да не правиме муабет за сите останати телевизии каде не се емитуваат турски синхронизирани серии и каде со македонски превод може да се следат серии, филмови и документарци од нетурски продукции.

Тогаш, во што е проблемот што на гледачите им пречи емитување на овие серии? Очигледно добар дел од гледачите не знаат дека постојат други опции во животот освен Сител и Канал 5, или едноставно и самите се навикнати да следат турски серии, но ете мора да ги хејтаат како и сѐ останато што се гледа и негативно коментира по социјалните мрежи (од типот на политичари, инфлуенсери, водители, пејачи итн.).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!