Над 44 проценти покачување за сите ТВ корисници на Телекабел. Од 1 јули, досегашната цена од 450 денари скока за плус 200 (ДВЕСТЕ) денари.
Во продолжение нивното соопштение кон корисниците :
“Ве известуваме дека месечниот надоместок за услугата КАБЕЛСКА ТЕЛЕВИЗИЈА што ТЕЛЕКАБЕЛ Ви ја доставува согласно склучениот Стандарден претплатнички договор, заклучно од 01.07.2024 година ќе изнесува 650,00 денари.
Воедно Ве известуваме дека цената на месечната претплата за кабелска телевизија не е променета од 01.06.2018 година. Сегашното покачување се должи на зголемениот трошок за авторски права на каналите.
Цените за другите услуги остануваат непроменети.”
Дани | ТВ Пакет