Чолпан е една од најпознатите адвокатки за семејно право во Истанбул која раководи со адвокатската канцеларија што ја презеде од нејзиниот свекор.
Чолпан е паметен стратег. Семејното право е многу непријатна област во правниот свет, но таа успеала и изградила успешна кариера што го ставила нејзиниот личен живот на втор план. Чолпан сама ги одгледала трите ќерки и станала студена и немилосрдна.
Но, таа е сепак духовита и не ја изгубила смислата за хумор. Иако работи 24 часа на ден, седум дена во неделата, на своите ќерки им обезбедила убав живот. Иако изгледа дека е алчна, реалноста е сосема поинаква. Кога нејзината ќерка Азра ќе се пресели во адвокатската канцеларија на Ерман Арсен, а нејзиниот поранешен сопруг Фарук ќе се врати, Чолпан ќе мора да се соочи со своето минато и новите проблеми кои доаѓаат.
Од понеделник до петок на Сител, следете ја приказната за Чолпан во “Брачни игри”. Современа драма во 19.50 часот.
Дани | ТВ Пакет