Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (44. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (44. продолжение)

Неколкуте пеони јаваа на пампата и ги завршуваа дневните обрски додека првите ѕвезди се појавува на небото. По завршените задачи, пеоните запалија оган и ставија да се пече кртина месо. Тогаш, еден од нив извади виолина и со тажна мелодија почна да ја исполнува ноќта.
Тажната мелодија допираше и до кујната на фазендата, каде што по вечерата Кристина ги переше садовите во садоперот, кога влезе Антониета со својот деспотски став.
– Што бараш ти уште овде? Ти реков да си одиш!,- дрско ја потсети италијанката.
– Немам намера да си одам, – смело и врати Кристина.
– Бесрамничке, собери си ги парталите и напушти ја оваа куќа!
– Реков дека немам намера да си одам.
– Тогаш ќе бидам принудена да му кажам на Фаусто дека правиш магии по дома.
– Тогаш и јас ќе му кажам на газдата што правиш во неговиот кревет со Антенор!
Ваквите зборови ја изгореа домарката како врел жар.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 44 – „Каде е Алис?!“

 

Неколкуте пеони јаваа на пампата и ги завршуваа дневните обрски додека првите ѕвезди се појавува на небото. По завршените задачи, пеоните запалија оган и ставија да се пече кртина месо. Тогаш, еден од нив извади виолина и со тажна мелодија почна да ја исполнува ноќта.
Тажната мелодија допираше и до кујната на фазендата, каде што по вечерата Кристина ги переше садовите во садоперот, кога влезе Антониета со својот деспотски став.
– Што бараш ти уште овде? Ти реков да си одиш!,- дрско ја потсети италијанката.
– Немам намера да си одам, – смело и врати Кристина.
– Бесрамничке, собери си ги парталите и напушти ја оваа куќа!
– Реков дека немам намера да си одам.
– Тогаш ќе бидам принудена да му кажам на Фаусто дека правиш магии по дома.
– Тогаш и јас ќе му кажам на газдата што правиш во неговиот кревет со Антенор!
Ваквите зборови ја изгореа домарката како врел жар.
– Не разбирам што сакаш да ми кажеш.
– Те молам, не се прави луда пред мене. Добро знам дека ти и Антенор сте љубовници.
– Зборуваш глупости во кои никој не би поверувал.
– Ако сакаш ќе ја прашаме госпоѓа Естер. Затоа ти препорачувам да прстанеш да ми додеваш со тоа за магиите. Во спротивно, газдата ќе дознае што правиш на неговата постела!
– Од каде знаеш?, – повеќе немаше разон да негира.
– Не заборавај, јас сум вештерка, самата кажа.

 

Анибал имаше потреба да разговара со својата сопруга, па ја побара во нејзината стара соба иако можеше да навести дека Алис ќе одбие да разговара со него. Така и беше.
– Излези, Анибал, не сакам да те видам, – грубо таа ја одби неговата понуда за разговор.
– Алисиња, дојдов да побарам прошка за тоа што го сторив, јас…Не знам што ми стана.
– Не ме интересираат твоите извинувања, Анибал.
– Жалам, навистина жалам за тоа што се случи, но мораме да продолжиме со нашите животи.
– Грешиш, Анибал! Јас никогаш нема да го прифатам овој брак.
Конечно го погледна во лице. Одбиваше цел ден да се сретне со него, дури не слезе ниту на вечерата за да го избегне неговиот поглед, но сега беше неизбежно. Сакаше тој да ја види тагата во нејзините очи, тагата кој тој и ја нанесе.
– Ти се колнам дека тоа нема да се повтори, Алисиња…
– Излегувај одовде!
– Алисиња, сега сме маж и жена и мораме да се однесуваме како такви, – одеднаш стана инаетлив. – Ќе и речам на Антониета да дојде по твоите работи, од вечерва ќе делиме иста соба.
Го кажа своето и замина од собата.
– Никогаш, Анибал! Никогаш нема да спијам со тебе!, – извика таа на сиот глас, речиси хистерично, но тој остана нем на нејзината болка и тагата во нејзините очи.

Кога заврши со дневните обрски, Кристина се врати изморена во колибата. Имаше долг и продуктивен ден, помисли кога се оптегна на софата. И беше драго што конечно и го покажа местото на Антониета. Во мислите ја прекина силен тресок на вратата. Прво помисли дека е некој од нејзината фамилија, но пред да се свести ја забелажа Алисиња, во рој солзи со плач за помош.
– Кристина, мораш да ми помогнеш.
– Што ти е девојко?
– Те молам, те проколнувам, мораш да ми помогнеш.

По утрото се познаваше дека денот ќе биде спарен и врел. Небото беше сино, без облаци кои би можеле да донесат освежуање или дожд. Беше недела, слободен ден за берачите и работниците, па некои од нив заминаа кон селото кај своите роднини а други пак решија да го искористат убавиот ден и да се искапат во потокот, или да се возат со чамец долж реката.
Моналиса ги извршуваше домашните обврски тоа утро. Переше во студената вода во коритото, пред колибата, потпевнувајки стара италијанска канцона, додека зад дебелиот храст и се сладеше Рикардо. И се прикраде од зад грб и ја преплаши.
– Како е најубавата италијанка?
– Ме исплаши, – луто го прекори таа, бришејки ги мокрите раце од кецелата.
– Нешто не е во ред, принцезо?
– Остави ме да работам на мира.
– Што ти е, убавице? Не ме сакаш повеќе?
– Размислував…
– Нема за што да размислуваш, принцезо. Треба само да ме сакаш.
– Ти никогаш нема да знаеш да ме почитуваш како жена, Рикардо, – рече таа со горчина во гласот.
– Зошто зборуваш така? Треба да уживаш во она што ти го дава животот, без компликации.
Се обиде да ја фати нејзината тенка половина, но таа го одби од себе.
– Остави ме да работам, реков.
– Може ли да знам што ти е на тебе, Моналиса?, – Рикардо стана сериозен.
– Не сакам да разговарам за тоа…
– Признај дека ме посакуваш, Моналиса. Копнееш за моето тело како што копнеам и јас за твоето.
– Рикардо, те молам немој. Сношти ја видов мајка заедно со твојот татко, – најпосле му го соопшти својот проблем.
– Заедно?
– Твојот татко прави што сака со мојата мајка. Не ја почитува и јас не сакам истото да ми го правиш мене.

Енцо ја косеше нараснатата трева близу колибата каде што престојуваше, кога посегна по шишето со вода и со врвот на окото забележа две жени како приоѓаат. Едната од нив беше неговата сестра Кристина, а другата бше ќерката на Лукреција.
– Кристина, од каде вие две овде?
– Енцо, фратело, мораш да и помогнеш на ова девојка, те молам.
– Те молам, дозволи ми да останам овде, – очајна беше девојката. – Јас не можам да се вратам на Темпестад, не сакам да се вратам на таа проклета фазенда никогаш!
Не знаеше во што е проблемот, но беше и повеќе од очигледно дека не е се во најдобар ред.

Фаусто влезе во гостинската соба како торнадо кое руши се пред себе. Лукреција сеуште спиеше, но тоа не го спречуваше да ја разбуди од слаткиот сон.
– Лукреција, разбуди се! Лукреција!, – довикуваше по неа.
– Фаусто, како можеш вака да влегуваш?
– Твојата ќерка побегнала, – премина тој веднаш на главното.
– Што?
– Го оставила ова писмо во кое вели дека ти си единствената која може да ми објасни зошто не може да му биде сопруга на Анибал. Чекам објаснување, Лукреција.

Рикардо не можеше да поверува во она што му го кажа Моналиса. Сигурно се работи за недоразбирање или плод на нејзината бујна имагинација, помисли младиот Кастењон.
– Верувал или не, јас немам зошто да те лажам. Јас видов со моите сопствени очи. Дон Фаусто прави се што сака со мојата мајка.
– Дури и да е така, нема потреба да одиш наоколу и да зборуваш за тоа, Моналиса. Тоа што го прави татко е негова работа и на никој друг.
– Зарем не ти претставува проблем што татко ти ја изневерува госпоѓа Естер?
Рикардо се замсили за момент. Добро знаеше дека неговиот татко повремено ја изневерува мајка му со девојките од борделот во селото, но тоа беше само телесна потреба, така велеше Фаусто.
– Мојот татко е маж, прав маж, Моналиса. Онаков каков што стремам јас да бидам еден ден, – додаде тој, барајки ја нејзината половина.
– Не ме допирај, – девојката го одби. – Не сакам да ми го правиш она што твојот татко и го прави на мојата мајка.
– Грешиш, Моналиса, помеѓу нас е различно.
– И што е различно? Ти ме третираш како и секоја друга девојка.
– А што сакаш, од Антенор да ја побарам твојата рака?
– Не би било лошо…Барем можеш да му кажеш на дон Фаусто дека ти се допаѓам.
– Можам, да, но претходно потребен ми е доказ за твојата љубов.
– Зарем не ти е доволно тоа што го чуствувам за тебе?
– И од каде да знам дека тоа е вистина? Дека ме љубиш?
– Ако не ми веруваш, не е мој проблем, – му одговори девојката, го зема коритото со алишта и се упати кон бараката.

Со растреперени раце Лукреција го прочита писмото кое Алис го имаше оставено за Фаусто. И беше потребна цигара во тој момент и малку мир за да размисли што да каже. Но Фасуто чекаше инстант одговор, стоејки над нејзиниот кревет.
– Не знам на што мисли мојата ќерка, – рече.
– Не ме лажи. Веројатно е Алис да разговарала со тебе пред да замине.
– Не, јас никогаш не би и дозволила нешто такво.
– Во секој случај, ова е по твоја вина. Како мајка ја имаше испуштено од рака сопствената ќерка, Лукреција.
– Не…Проблемот е во тоа што на Алисиња не и се допадна избрзаниот брак со Анибал…Мојата ќерка сакаше потрадиционална свадба, – беше првиот изговор кој и падна на ум. Но дали Фаусто и поверува?
– Те молам, твојата ќерка е се освен традиционална, Лукреција.
– Ти се колнам дека ќе сторам се за да ја најдам и што можам поскоро ќе ја вратам на Темпестад.
– Подобро за тебе бидејки јас не сакам скандал. Затоа, реши го ова пред да е предоцна.
Откако Фаусто ја напушти собата, Лукреција дојде до здив. Каде ли да ја најде Алис?

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!