Генералниот директор на јавниот сервис на Косово, РТК и официјално побара учество на Евровизија 2025. Тој истакнува дека тие со нетрпение очекуваат веќе со години да бидат примени на овој престижен музички фестивал.
Преку организирањето на нивен фестивал, лани докажале дека можат да изберат песна што ќе го претставува Косово и неговата култура на овој спектакл.
Официјалното писмо е испратено до Мартин Орстедал, извршниот супервизор на Евровизија и до Ноел Куран, генералниот директор на ЕБУ.
Со повикувањето на Австралија да учествува, Косово очекува да биде покането на следната Евровизија на сличен начин.
Македонија пак која може да учествува на Евровизија, втора година по ред се повлече од овој спектакл, а МРТ веројатно немаат намера да се вратат во догледно време бидејќи нема никакви информации за враќање или начин на избор на песната.
Иако далеку понегледана и непопуларна, ние сме една од само 12 земји учесници на детската Евровизија. Останува да видиме дали МРТ наскоро ќе излезе со некоја информација и дали конечно ќе имаме уникатна шанса да застанеме на големата сцена покрај најдобрите во светскиот музички и продукциски шоу бизнис.
Дани | ТВ Пакет