Почетна / Спорт / UEFA Euro 2024 : Две пива по лице на дуелот меѓу Англија и Србија

UEFA Euro 2024 : Две пива по лице на дуелот меѓу Англија и Србија

Рестрикции за алкохол ќе бидат воведени на натпреварот од првото коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Англија и Србија, соопшти германската полиција.

Во соопштението се наведува дека на стадионот во Гелзенкирхен ќе биде забрането точење на обично пиво кое содржи меѓу четири и пет проценти алкохол, туку ќе се служи само светло пиво со јачина од 2,5 проценти алкохол.

Дополнително, продажбата ќе биде ограничена на две пива по лице. Рестрикциите се објаснати од страна на организаторите како мерка на претпазливост за навивачите на Англија.

Натпреварот е закажан за в недела (16 јуни) во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

error: Содржината е заштитена!