Од понеделник до петок навечер на телевизија Сител се емитува новата современа драма “Брачни игри”, која веднаш по почетните епизоди, успеа да изискува позитивни критики и задоволство кај нејзините гледачи…
… кои наголемо пишуваат како на нашиот форум, така и обраќајки се до редакцијата на порталот со цел да дознаат пикантерии од животите на глумците или некој детал за тоа што ќе се случи во понатамошните продолженија.
Се работи за доста успешна адаптација на прочуената британска серија „The Split“. Во центарот на случувањата и овојпат се жените од едно прочуено адвокатско семејство, кои се занимаваат со судски спорови и разводи на богати и моќни истанбулски семејства.
Гледачите се задоволни што Сител продолжува со серии кои се поразлични од класичните турски драми на кои сме навикнавле.
Па така тука нема да гледате свекрви, традиции или крвна одмазда, нема да гледате свадби во конаци и маратонски бескрајни љубовни погледи.
Се работи за ултра модерна продукција на ниво на холивудските дела со интригантни семејни односи и правни разрешници со сензационални заплети.
Во тематиката на неверства и адвокатски решенија се пронајдоа многу жени од различни генерации, луѓе од правната фела кои ги скокоткаат правните лавиринти, како и сите оние желни за една нормална драма со многу хумор, сарказам и возбудливи случувања.
Брачни игри ексклузивно на Сител ова лето во 19.45 часот.
Современа драма за оние што прават разлика.
Дани | ТВ Пакет