Почетна / Телевизија / Оваа недела премиера на шоуто со Игор Џамбазов

Оваа недела премиера на шоуто со Игор Џамбазов

 

Многу забава, хумор и смеа најавува Игор Џамбазов во новото шоу „ЏИШ“, кое оваа недела, во 20:20 часот ќе почне да се емитува на Македонската телевизија. Џамбазов ќе се трансформира во неколку лика, ќе пее со своите гости, во шоуто ќе се чита поезија од македонски автори, а тој најави дека секоја емисија ќе има авторска блуз точка, која ќе ја изведе со неговиот бенд.

 

 

„Забава, урнебесна смеа и ведри мисли, тоа секогаш недостига. „ЏИШ“ не е вообичаено и стандардно шоу што веќе сме го гледале. Шоуто во себе носи сè, почнувајќи од мене самиот како главен забавувач, преку познати личности, малку и историските си најдоа свое место во шоуто, па сè до ликови кои верувајте ќе ве импресионираат со својата луцидност, тие се обични, а популарни, фиктивни но многу реални. Токму таквиот концепт и состав дава автентичност, а Македонската телевизија уште еднаш покажа дека од тука започнува сè и најде простор за револуционерното ЏИШ“, изјави Игор Џамбазов.

 

Шоуменот засега одбра да глуми четири лика: детето Трајче Трајчевски, Розе кумановката со машки хормони, битолчанецот Роки и Албанец кој ужива во македонската литература.

Речиси еден месец се снимаа трите емисии, во кои гости на Џамбазов се пејачките Калиопи, Тамара и глумецот Тони Михајловски. Македонските ѕвезди во „ЏИШ“ ќе пејат, танцуваат, а ќе има и глума и други изненадувања. Гости на Џамбазов ќе бидат и познати ѕвезди од Балканот.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!