Почетна / МК Сцена / „Либеро бенд” објавија нова песна во две различни верзии – „Лани”

„Либеро бенд” објавија нова песна во две различни верзии – „Лани”

Едни од најангажираните музички уметници кај нас, одново и одново ја освојуваат публиката со својот глас и страст кон музиката. Имено, „Либеро бенд”, на јавноста и го претставија своето ново музичко парче, односно песната која го носи насловот „Лани”.

Новиот музички сингл, со сосема ист текст, доби две верзии – емотивна и поенергична верзија. И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате.

Како комплетен автор на ова дело се потпишува Лазар Цветковски, а видео записот кој плени со својата креативност е дело на Даниел Јовески.

„Со големо задоволство ја споделуваме нашата најнова песна, а со оглед на тоа што сакавме да го погодиме и најистенчениот вкус на слушателите, песната ја направивме во две верзии, за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Ова е само најава и мал дел од сето она што следува од нас во наредниот период, дотогаш уживајте во „Лани” – вели Иван Јованов, фронтменот на Либеро.

Во продолжение ве оставаме да уживате во „Лани” :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!