Лора е паметна и посветена наставничка, која скоро излегла од една љубовна врска и сега живее со несигурност во повторна врска, повторни состаноци, повторни излегувања.
Ендру е познат хирург чиј син е ученик во училиштето на Лора. Првичната привлечност доведува до средба меѓу Лора и Ендру, но ниту еден од нив не ги разбира целосно долгорочните последици што ќе ги има нивната средба за нив самите или за нивните семејства. Следното утро Лора се буди силувана, а истрагата ја насочува кон Ендру со кого ја помина ноќта.
Вистината и последиците одат рака под рака во напнатиот и возбудлив мистериозен трилер кој ги испитува двете страни на врската и двете страни на вистината. Дали секоја приказна има две страни и која е линијата меѓу вистината и лагата открива новата британска серија на Сител телевизија.
“Лажго” за вечерна возбуда и напнатост, секоја сабота и недела на Сител во 22.40 часот. Затоа што ништо не е онака како што изгледа.
Дани | ТВ Пакет