Почетна / МК Сцена / Видео | Стојне Николова ја објави новата балада „На две страни”

Видео | Стојне Николова ја објави новата балада „На две страни”

Стојне Николова не престанува да ја изненадува јавноста со својот глас и песни кои допираат буквално до сечие срце. Токму една таква е и песната „На две страни”, која својата премиера ја имаше овој викенд.

Стојне за овој проект, односно песна, ќе каже дека е емотивна балада со интересна тематика која со сигурност ќе допре до публиката, баш онака како што допре до сите оние кои работеа на истата.

„На две страни” доби и фантастичен видео запис реализиран од Арт продукција, а кадрите се снимени во Германија и Македонија.

И на овој проект исто како и на сите претходни, Стојне работеше со веќе проверен тим. Како автор на текстот се потпишува Орце Зафировски, музиката е на Борче Димитров, а аранжманот на Бобан Мојсовски.

Во една прилика, Стојне Николова кажа дека ова е само мал дел од сето она што следи од неа во иднина и тука не застанува. Веќе е затворена во студио каде што работи на новите проекти кои јавноста ќе има можност да ги слушне наскоро. А дотогаш, уживајте во „На две страни”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Негде после два“, нов дует на Пајак со Елвир Мекиќ

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден …

error: Содржината е заштитена!