Почетна / Сапуници / Запрепастувачката драма „Осомничен“ – сабота и недела на Сител
Сабота и Недела - 19.45 часот - Сител телевизија - запрепастувачка приказна

Запрепастувачката драма „Осомничен“ – сабота и недела на Сител

Илјас и Мелике живеат еден среќен и хармоничен живот заедно со нивната ќерка Џерен и малечкиот син Каан.

Од друга страна, ги запознаваме Зејнеп и Тугрул, несреќен пар кои продолжуваат со кавги дури и кога во близина е нивниот 12-годишен син Ефе.

Еден ден, патиштата на двете семејства се спојуваат откако Ефе ќе го убие малиот Каан.

Зошто се случило тоа, што натера едно дете да убие друго дете и на тој начин да ги уништи животите на сите околу него?

Додека Мелике и Илјас се во невидена тага, неверување и шок, Тугрул ја обвинува сопругата за инцидентот поради кој нивниот син ќе има допрва последици. Педагогот Демет и полицаецот Седат се двете лица кои ќе се обидат да откријат зошто Ефе го убил Каан.

Оваа траума никого нема да поштеди затоа што допрва следува една емотивна и трогателна истрага која треба да ги открие мотивите за убиството и да го казни злосторникот.

Низ целата таа истрага, сите ликови ќе мора да ги откријат своите тајни и своите слаби страни за да ја разберат трагедијата и да излезат од кошмарот кој им се случува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!