Популарната серија “За семејството” која во центарот на дејството ги опфаќа животните борби и предизвици со кои се соочуваат младите тинејџери, неодамна заврши во матичната земја.
Пред неколку месеци, серијата започна со прикажување и во соседна Србија на телевизија Хепи каде се емитува секој ден, од понеделник до недела во 17.30 часот со реприза навечер во 23 часот.
Во Македонија повеќе од половина од серијата беше прикажана на Канал 5, но веќе повеќе од една година не се емитува на оваа фреквенција.
Прекината е со емитување на почетокот на април минатата година, а од тогаш ни трага ни глас ни било каква најава за евентуално продолжување на нова сезона.
Дани | ТВ Пакет