Иако МРТ сѐ уште се нема изјаснето дали планира враќање на Евровизија 2025 во Швајцарија, многу јавни ТВ сервиси веќе објавуваат конкурси за песните претставнички.
Се прашуваме дали МРТ треба да го следи примерот на јавниот сервис на Србија, РТС.
Имено во правилата за учество на изборот во Србија се вели:” пријавените песни, Комисијата за избор на РТС ќе ги избира исклучиво врз основа на нивниот уметнички квалитет. Ако ниту еден музучки запис не го исполнува потребниот музички квалитет, РТС има право самостојно да го избере записот.”
Ова во суштина значи дека РТС ако не е задоволна од квалитетот на песните, нема да троши буџет за одржување на националниот избор, туку сами ќе побараат други квалитетни песни од кои подоцна самостојно би избрале една.
Ова е добро и за Македонија, ако МРТ добие на конкурс добри песни, може да направи помал избор на кои би се претставиле овие песни и после по системот на Евровизија 50% жири и 50% телевотинг, да ја избере песната. Од друга страна, ако не е задоволна од пристигнатите песни може да нарача кај композиторите поквалитетни песни од кои би избрале самостојно само една.
МРТ со самостоен избор имаше успех со влез во финале 2004 година. Тоше со неколку песни влезе во финале, 2005 само Мартин и Александра со по 3 песни, Мартин влезе во финале, во 2006 и 2007 имаше национален избор, во 2012 и 2019, Калиопи и Тамара преку самостоен избор влегоа во финале.
МРТ исто така може да нарача или да отвори конкурс и за странски автори како и многу земји што прават, исто како у тие што направија во 2017 година. Сепак пред сѐм МРТ треба да се одважи и да се врати на Евровизија и да започне со процес на избор на песна. Како што не испуштаме да одиме на детската Евровизија, пауза од две години е доволна и треба да се размислува за враќање. Многу земји имале неуспеси, но некако успеале да се вратат во финале па дури и да победат.
Секоја година интересот за Евровизија е сѐ поголем, па дури и оние кои подоцна хејтаат, гледаат и затоа коментираат на социјалните мрежи, а притоа и се воодушевуваат на РТС за одличниот домашен избор, не размислувајќи дека и ние треба да сме дел од големото музичко семејство на овој ТВ спектакл.
Затоа, време е за големиот кам бек. Време е за забава и натпревар, време е за промоција на наше македонско и квалитетно. Па време е и за победа, зашто да не ?
Дани | ТВ Пакет