Почетна / Филм / Илинден на Телма ќе биде обележан со македонски филмови

Илинден на Телма ќе биде обележан со македонски филмови

Денот на Републиката соодветно ќе биде обележан и на националната телевизија Телма.

Македонскиот филм за деца Стела на Стојан Вујичиќ ќе биде емитуван во 16.15 часот.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, а првпат во долгометражен филм е младиот Петар Маниќ. Во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит „Парада“.

Потоа, во 19.15 часот следува Среќна нова ’49та.

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства.

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Ацо Ѓорчев, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски, Петар Арсовски, Душко Костовски, Мите Грозданов, Младен Крстевски и Александар Шехтански.

Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски, што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.

И во 22.15 часот ќе се потсетиме на култниот Тетовирање.

Дејството на филмот се одвива во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!