Институтот за развој на електронски комуникации прославува 6 години постоење и неуморно допринесување во развојот на електронските комуникации и медиумските услуги. Група млади политолози и новинари, мотивирани со идејата за формирање на невладина организација, се стремеа кон создавање на значаен и препознатлив субјект во сферата на промоција и подобрување на развојот на електронските комуникации и медиумските услуги во Македонија.
Од тогаш, ИНРЕКОМ започна со активности, при што визијата за дигитализација на Македонија не само што не стагнираше, туку и постојано се засилуваше и унапредуваше преку нашите коментари, предлози, истражувања и анализа.
– Во следниот период планираме враќање на информативниот портал НТВ.мк, продолжување на поткастот Инфотек, отворање на Академија за медиумска, информациска и дигитална писменост која ќе одржува обуки, работилници, каравани и летни кампови. Дополнително ИНРЕКОМ планира засилено да нуди правна и друг вид помош при поднесување на приговори до операторите и регулаторните тела од страна на корисниците.
Инстиутот ќе продолжи да работи на застапување на политики за независни регулаторни тела, развој на пазарот на електронски комуникации и за независни и професионални медиуми.
ИНРЕКОМ останува да биде отворен за млади талентирани индивидуи кои преку волонтерство се посветени на дополнувањето на успешната репутација на Институтот со свои идеи и учество во истражувањата. Продолжуваме и да го зголемуваме бројот на вклучени истражувачи во проектите кои ќе претстојат во наредниот период. Ја продолжуваме и ќе ја засилиме соработката со нашите партнери, пријатели и клиенти. Дополнително во претстојниот период, ИНРЕКОМ ќе подлежи и на мало освежување на визуелниот идентитет согласно новите трендови.
За крај, во претходните шест години, многу медиуми и новинари го следеа развојот на ИНРЕКОМ, чија поддршка беше клучна за тоа што Институтот стана денес, и за тоа сме им исклучително благодарни.
Дани | ТВ Пакет