И официјално потврдено. По пауза од две години, Црна Гора ќе има свој претставник на Евровизија 2025 година. РТЦГ објавува јавен конкурс за избор на композиција за претставник на Црна Гора и РТЦГ на меѓународниот натпревар Евровизија 2025 година.
Со цел да се развие и подобри музичката креативност на полето на популарната музика, Јавниот медиумски сервис РТЦГ организира избор на претставник на Црна Гора за „Евровизија 2025“, кој ќе се одржи во мај 2025 година во Швајцарија, во организација на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Изборот на композицијата што ќе ги претставува Црна Гора и РТЦГ на натпреварот „Песна на Евровизија 2025“ ќе се одржи на натпреварот, односно фестивалот наречен „Монтесонг 2024“.
За изборот на композицијата што ќе ги претставува Црна Гора и РТЦГ на „Евровизија 2025“ ќе одлучуваат, од една страна, гласовите на стручно жири, составено од еминентни музички и медиумски креатори, како и претставници на организации и здруженија на граѓани вклучени во следењето на Изборот за песна на Евровизија, односно граѓаните на Црна Гора. Односот на гласови се одредува според евровизискиот принцип – 50% од жирито и 50% од публиката (односно околу 50% поради заокружувањето на бројот во проценти).
Композицијата која ќе има најголем број гласови од стручното жири и публиката ќе биде претставникот на Црна Гора и РТЦГ на натпреварот „Песна на Евровизија 2025“.
Црна Гора последен пат на Евровизија учествуваше во 2022 година, кога и Македонија за последен пат учествуваше во Торино, Италија.
Дали МРТ ќе го следи јавниот сервис на Црна Гора и ќе се обиде да ја подобри музичката креативност на домашната забавна музика, останува да видиме дали воопшто планираат враќање, но засега го потврдија своето учество само на јуниорската Евровизија.
Дани | ТВ Пакет