Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети.
Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.
„Сигурен сум дека поезијата е од суштинско значење за сите луѓе, не само за оние кои ја создаваат или проучуваат. Поезијата мора да биде дел од нашите животи и самиот свет ќе биде подобро место за живеење доколку таа е постојано во нашите срца и во нашиот ум“, изјави Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година.
Дани | ТВ Пакет