Додека Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, извршната директорка на ЕРТ, Аикатерини Касканиоти, за време на презентацијата на програмата на ЕРТ во Конзерваториумот на Атина, објави дека уметникот и песната што ќе ја претставуваат Грција на Евровизија 2025 година ќе бидат избрани преку национално финале, со отворена покана до сите. Како што е наведено, ова ќе се случи за првпат по 22 години.
“Според тоа, оваа година изборот на грчкиот претставник за Евровизија ќе се направи низ процес „отворен“ за јавноста. На овој начин ќе се справиме со зголемената побарувачка и интересот што го покажуваат многу уметници кои сакаат да учествуваат.
По 22 години се враќа националното финале, со отворена покана до сите заинтересирани. Многу брзо ќе имаме можност да споделиме уште многу детали за Евровизија. Го имаме целото време пред нас.”- изјави Касканиоти.
Клучните точки се следните:
-ЕРТ ќе објави отворен повик до сите заинтересирани да поднесат песна за Евровизија 2025 година.
-Ќе се одржи национално финале, телевизиска програма со натпреварувачки формат, во која различни уметници ќе се натпреваруваат да ја претставуваат Грција.
-Телевизиската публика ќе има збор за конечниот резултат, најверојатно во комбинација со жирито кое ќе биде формирано специјално за оваа намена.
Под водство на Аикатерини Касканиоти, ЕРТ презема храбри и иновативни чекори во изборот на влезот на Грција за следната Евровизија, воведувајќи отворен процес со покана за сите, кој ќе се одржи за првпат по 22 години.
Нашите автори за жал ја немаат таа можност да се докажат на европската музичка сцена, бидејќи Македонија веќе трета година нема да учествува на Евровизија.
Дани | ТВ Пакет