Почетна / Серии / Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и се обидуваат да се остварат во разни бизниси. Приказна за двајца некогаш неразделни пријатели и соиграчи во славен кошаркарски клуб, кој сега е на работ од пропаст и кој тие двајцата заедно ќе се обидат да го кренат од пепелта.

Низ серијата минуваат голем број ликови, чии судбини се испреплетуваат на многу чуден начин. Играната серија „Жигосани во рекетот“ е приказна и за втората шанса: за пријателство, за татко и син, за пропадната кариера, за генерација чии најубави години ја одбележаа војната.

Режијата на оваа српска драмедија им припадна на Срѓан Спасиќ и Данило Бечковиќ, сценариото е на Драган и Бјелогрлиќ, Марко Савиќ, а во главните улоги ги гледаме Небојша Дугалиќ, Филип Шоваговиќ, Светозар Цветковиќ, Александар Радојчиќ, Миона Марковиќ, Ива Илинчиќ, Дубравка Мијатовиќ…

Од понеделник до петок на МРТ 1 во 18.30 часот со реприза вечерта по 23 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!