Поминаа повеќе од 10 години од снимањето на серијата „Млади бунтовници“, но изминатото време не беше причина гледачите да ги заборават легендарните ликови од мегапопуларната тинејџерска серија. Овој пат ќе се задржиме на Соња Реј, како еден од најзабавните ликови во приказната.
Ексцентричната мајка на Марица беше одглумена од сексипилната актерка Катерин Фулоп. Таа денес има 47 години, но верувале или не, сеуште изгледа како вистинска секс бомба, времето за неа како да не поминало. Најновиот проект на Катерин е теленовелата „Магијата на љубовта“ кадешто ја толкува главната женска улога, а партнер и е поранешниот сопруг, актерот Фернандо Кариљо. Теленовелата за двајцата значи враќање на телевизиските екрани после долга пауза. Во прилог се фотографии од снимањето, погледнете како денес изгледа вашата омилена Соња Реј!
{gallery}022013/catherinef{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет