Почетна / МК Сцена / Видео | Слушнете го новото ремек дело на Лозано… за нови надежи

Видео | Слушнете го новото ремек дело на Лозано… за нови надежи

„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“

Уште едно ремек дело на моментално нашиот најдобар вокал. Влатко Лозаноски – Лозано објави нова песна “Жолто Црвено”, за која вели дека е инспирирана од вистинска животна приказна на Македонец, кој живее во странство, а го запознал на еден од неговите концерти. Се работи за песна која одлично го доловува неговиот стил, но воедно буди патриотски и носталгични чувства за секој оној што се нашол во пуста туѓина.

Лозано заедно со Ена Цветковска и Лазар Цветковски го напишал текстот, музиката и аранжманот се на Цветковски, а режисер на спотот е Даниел Јовески.

Спотот е снимен на повеќе локации, а една од нив е и во Офицерскиот дом во Битола.

Тимот на ТВ Пакет со огромно задоволство му го честита и ова фасцинантно музичко парче на нашиот Лозано, а вие драги читатели, служајте и уживајте затоа што … таму кај што чука срцево се вее знаме жолто црвено.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!