Одсекогаш, одсекогаш се вели:
„кој пее, зло не мисли“,
лошо на никого, лошо на никого.
Ајде сите запејте, весело оро играјте.
Нова седма сезона од вашата омилена викенд забава. Продолжуваат мерак песните од мераклиите. Меѓу нив сите оние кои на вистински начин уживаат и се радуваат на песната и дружбата. Мерак Меана на Сител и оваа сезона ќе успева да ги обедини пејачите и музичарите и од година во година покажува и докажува дека македонската песна носи неисцрпна енергија и убавина која создава една посебна зачудувачка магија.
Стотици и стотици уметници во изминатите години биле дел од најгледаната музичка емисија кај нас. Илјадници песни и ора доживеале свои изведби. Стотици и стотици промоции на нови композиции и нови музички имиња. Речиси сите врвни имиња од македонската фолк музичка сцена и оваа година се очекува да бидат дел од единствената Мерак Меана.
Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Блага Петреска, Даце Николовски, Ибуш Ибраимовски, Елена Андоновска, Баже Грујоски, Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Спасен Силјановски, Благица Павловска, Перо Христов, Кате Танева – Нели ти реков, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Елена Јовческа, Сања Цинцева, Нино Величковски, Дарко Стојановски, Благица Калева, Петар Нечовски, Стојне Николова, Ирена Вељовска, ….
…. Сања Ристеска, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Адријана Ацеска, Горан Алачки, Павле Витанов, Ленче и Горан, Ани Малинкова, Методија Столески, Спасе Антевски, Анета Арсовска, се побројната плејада млади извонредни изведувачи и уште многу други мерак пејачи, групи и инструменталисти од сите музички жанрови кои и во оваа седма мераклиска година ќе направат викендите да биде исполнети со радост, игра и песна.
Сите изведувачи и оваа година ќе бидат придружувани од врвните мизичари на групата Мерак Боеми, а главен меанџија е разиграниот Трајче Толевски Мајка.
САБОТА – НЕДЕЛА, СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА, 16.30 ЧАСОТ – МЕРАК МЕАНА
Дани | ТВ Пакет