Вилијам Леви сѐ уште важи за еден од најатрактивните, најзгодни и најуспешни актери во светски рамки, кој голема слава постигна токму со улогите во мелодраматичните серии на латиноамериканските продукции.
Негова најуспешна теленовела беше Напуштен ангел, која ја снимаше со харизматичната бунтовничка Маите Перони, а кај нас беше емитувана на Сител телевизија.
Поради големиот успех и популарност што ги доживеа Вилијам особено кај женската публика, телевизиите ширум регионот па и светот, продолжија да ги прикажуваат неговите успешници.
Па така и кај нас следуваа Магична привлечност (Сител), повторна дружба со Маите во Триумф на љубовта (Сител), Бура (Локални телевизии), Украдена среќа (Локални телевизии) …
Она што е особено интересно е што актерот по одреден период на пауза од снимања, повторно се врати на сетовите на теленовели, снимајќи нови и подеднакво успешни серии како претходните.
Па така, негови две најнови теленовели се – Café con aroma de mujer и Vuelve a mí.
Првата e снимена пред три години, а токму учеството на Вилијам ги натера Хрватската радиотелевизија, како и приватни телевизии во Словенија, Шпанија и Унгарија да ја откупат веднаш по завршетокот на емитување во Колумбија.
Втората, пак, е негово најново остварување, серија од продукцијата на Телемундо која веќе започна да го освојува Балканот и за која многу филмски критичари искажаа позитивни ставови. Наскоро се очекува нејзина премиера во Хрватска, а потоа и во Романија, Бугарија, Шпанија итн.
Но, клучното прашање е – зашто досега ниедна наша телевизија не покажа интерес за овие две нови серии на популарниот латино актер?
Нека оваа статија биде поттик за македонските телевизии да ете конечно емитуваат нови теленовели покрај стандардната програмска шема од вести, политички дебати/подкасти, турски серии и студиски ток шоу емисии.
Ако сакаме во Европа, ако сакаме да се приближиме кон светот, треба да ги следиме европските телевизии меѓу другото, а со тоа и програмските шеми да бидат светски уредени. Па така ако се погледне програмска шема на бугарски, словенечки и хрватски телевизии (двете земји се дел од ЕУ), ќе може да се види колку разновидни содржини има во текот на целиот ден и цела ноќ, особено атрактивни странски серии, меѓу кои и нови теленовели.
Дани | ТВ Пакет