Почетна / Телевизија / Светски формати и домашни серии во новата ТВ сезона во Хрватска

Светски формати и домашни серии во новата ТВ сезона во Хрватска

Со стартот на новата телевизиска сезона, сите телевизии од регионот понудија нешто ново и премиерно за своите гледачи. Во оваа статија ќе се осврнеме на хрватските телевизии кои важеле секогаш за најатрактивни од сите екс ју тв канали.

Па така, на хрватската Нова – секоја вечер одат премиерно две нови домашни драмски серии (Кумови и Во добро и зло), нивна лиценцирана верзија на светското кулинарско шоу MasterChef, како и хајлајтот на сезоната – лиценцирана верзија на музичкото натпреварување Супер талент.

Нови цртани серии секое утро за најмалите – Дороти и волшебникот од Оз, Силвестер и Твити, како и нови авантури на Пајо паторот и Душко долгоушко.

Ништо поразлична не е ситуацијата и на хрватската РТЛ.

И таму денот започнува со цртани серии како Ју-Џи-О и Штрумфови, продолжува со американски серии (Castle, Chicago Med), a од 17 часот па натака следуваат светски формати адаптирани за локалниот пазар како што се гејм шоуто The price is right, кулинарското Come dine with me, риалити шоуто The biggest looser, како и премиерната домашна серија Sjene prošlosti.

Богата понуда на американски ситком серии, трилер серии, полициски истраги и авантури се емитуваат на вторите канали на Нова и РТЛ, а пак постојат и специјализирани канали на овие телевизии за детска програма, за премиерни теленовели, за балкански содржини и за крими серии и филмови.

Примамливо, зар не?

И за крај, не може а да не ја споменеме државната телевизија.

Секојдневно гледачите во Хрватска го следат лиценцираниот квиз Potjera (The Chase) во попладневниот термин, a ХРТ емитува и свои верзии на светски популарните Кој сака да биде милионер и Beat the Chasers.

Дневните термини се резервирани за неколку актуелни мелодраматични серии (бразилска теленовела и шпанска сапуница) и нови странски документарни серијали…

… додека пак на вториот канал на ХРТ – богата лепеза од криминалистички европски и американски серии и филмови, како и премиерни детски цртани серии.

За разлика од хрватските телевизии кои постојано вложуваат во разновидна и интересна програма и нови телевизиски тематски канали, нашиве телевизии очигледно се уште творат во раните 2000ти години. Ниедна македонска телевизија не инвестира во домашни драмски серии, а освен Сител, ниедна друга не емитува светски формати.

Цртани серии се очигледно непозната категорија за приватните македонски телевизии, како и дневни содржини од типот на теленовели, драмски серии и документарци.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!