Како крадец, следното утро, Алис влезе во старата гостинска соба на фазендата, го отвори плакарот и почна да ги реди своите алишта во патничката торба. Но, на нејзина несреќа, во собата влезе Лукреција, чие лице се промени од среќа.
– Драга ќерко, конечно, бев толку многу загрижена. Што правиш?, – праша кога го виде отворениот куфер.
– Мамо, мораме веднаш да си одиме одовде, – гласот на девојката звучеше очајно.
– Зошто?
– Бидејки во оваа куќа сите се луди, мамо. Те молам, послушај ме барем еднаш во животот.
– Смири се, Алис, ако мислиш на Фаусто, повеќе не ни е проблем.
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Сношти, некој се обиде да го убие Фаусто Кастењон. Животот му е во опасност.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 48 – „Кој пукаше во Фаусто Кастењон?“
Како крадец, следното утро, Алис влезе во старата гостинска соба на фазендата, го отвори плакарот и почна да ги реди своите алишта во патничката торба. Но, на нејзина несреќа, во собата влезе Лукреција, чие лице се промени од среќа.
– Драга ќерко, конечно, бев толку многу загрижена. Што правиш?, – праша кога го виде отворениот куфер.
– Мамо, мораме веднаш да си одиме одовде, – гласот на девојката звучеше очајно.
– Зошто?
– Бидејки во оваа куќа сите се луди, мамо. Те молам, послушај ме барем еднаш во животот.
– Смири се, Алис, ако мислиш на Фаусто, повеќе не ни е проблем.
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Сношти, некој се обиде да го убие Фаусто Кастењон. Животот му е во опасност.
Докторот ја затвори вратата од собата на ранетиот и слезе долу во дневната просторија, каде што загрижено седеше фамилијата и послугта.
– Како е Фаусто, докторе?, – прва праша Анотниета, на сечие изненадување. Нејзината загриженост беше толку јасна, што домарката немаше ни око затворено цела ноќ.
– За разлика од ноќеска, сега состојбата му е стабилизирана. Изгубил многу крв, но ќе биде добар.
– Ти благодарам боже, – длабоко воздивна Елиса.
– Давајте му од овој лек на секој три часа и не дозволувајте му да спие подолго од еден час. Јас повторно ќе се вратам вечер.
– Ви благодарам докторе. Дозоволете ми да ве испратам, – се понуди Естер и замина со докторот кон ходникот.
– Одам да го видам татко, – рече Анибал и се упати кон скалите.
– Кој можел да му го стори тоа?, – гласно праша Рикардо. – Кој сакал да го убие татко?
Елиса и Антониета се погледнаа.
Додека го минуваше коридорот помеѓу собите на катот, Анибал го слушна гласот на Алис од гостинската соба. Го сврте чекорот кон собата и не грешеше.
– Каде беше по ѓаволите, Алис?
– Дојдов да си ги земам моите работи, бидејки си одам засекогаш од Темпестад, Анибал.
– Никаде нема да одиш, – грубо рече тој и ја повлече за рака. – Дојди! , – ја изнесе од собата влечејки ја како непослушна стока. Алис молеше да биде пуштена, но силните раце на Анибал само повеќе ја притсикаа, се додека не ја довлечка во спалната соба и ја пушти на креветот.
– Јас не сум крава за вака да ме третираш!
– Не заслужуваш да бидеш поинаку третирана.
– Мислев дека си поинаков, но не…Ти си жива слика на твојот татко.
– Алис…Разбирам дека немаш чуства за мене. Но, веќе е доцна да ставиме крај, зошто не разбереш дека сме сопружници?
– Анибал, ајде да побегнеме. Јас, ти и мајка.
– Дали си полудела? Јас никогаш не би направил нешто такво?
– Зарем сакаш целиот живот да го живееш во пекол?
– Дозволи ми да ти предложам нешто.
Алис беше претворена во уво.
– Ова што ќе го кажам се коси со моите принципи, но ти не ми даваш друг избор.
– Зборувај веќе.
– Ветувам дека ќе ти дадам слобода, само да останеш на Темпестад. Во замена да глумиме среќен пар за татко да мисли дека сме заедно. Но, секој може да живее онакака како што сака.
Антониета слезе во кујната, откако слушна дека Фаусто е подобар. Сакаше да и каже на Марија Грација да подготви топла, пилешка супа за Господарот, но во кујната ја затекна само Кристина, која седеше на масата и гледаше во празно.
– Зошто не се фатиш нешто за работа?
– Ми се обраќаш на мене?
– Секако. Не гледам никој друг во оваа кујна.
– Не ми додевај, Антониеа, гледаш дека сум исцрпена, немам воља за ништо.
– Тука не си за да се водиш по твојата воља. Тука си за да работиш!
– Ако толку ти се работи, почни ти да чистиш.
– Како се осмелуваш така да ми се обраќаш?, – низ заби процеди Антониета.
– Сакаш ли дон Фаусто да дознае дека се валкаш со Антенор во неговиот кревет?
– Еден ден ќе ми платиш, курво!
– Не туку ми се заканувај и фати се за работа. За половина час сакам да сјае оваа кујна.
Кристина си го кажа своето и ја напушти кујната. Антониета немаше избор.
Анибал внимателно ја затвори вратата од собата и пријде до Лукреција која седеше спокојно на креветот. Можеше конечно да здивне, сега откако нејзината ќерка повторно беше под ист кров со неа.
– Ме радува што зборуваше со Алис.
– Алис се согласи да глумиме среќен млад, брачен пар за остатокот од светот. Лукреција, – ја зеде нејзината нежна рака која мирисаше на крема од пеперминт, погледна во нејзините крупни, кафени очи и рече;- Секој ден сфаќам колку повеќе те љубам.
– Иако сум постара жена?, – праша таа, повторувајки ги неговите зборови од онаа дискусија пред неговите родители.
Тој се насмевна. Добро знаеше на што се однесува нејзината забелешка.
– Ти си совршена жена, Лукреција.
Посегна кон нејзините сензулани усни, подарувајки и го најстрасниот и најсочниот бакнеж.
Користејки го времето додека Антониета ја средуваше кујната, Кристина се врати во барата за да испере некои алишта на пумпата. Не помина долго сама, кога зад неа се прикраде младиот Рикардо.
– Како си, Кристина?
– Господине Рикардо, помина толку многу време…, – рече таа пакосно, алудирајки на времето кое некогоаш го минуваа заедно во собите на тетка Кармен. – Можам ли да ти помогнам некако?
– Помислив дека би можеле да поминме некое време заедно, – одговори тој, барајки ја нејзината половиа. – За старите добри времиња.
– Не знам дали знаеш, но веќе некое време како што го напуштив бизнисот.
– Зарем не можеш да направиш исклучок?, – ја праша, милувајки ги нејзините гради.
– Никогаш не сум можела да ти одолеам, – брзо се сложи таа и за кратко се најде во неговите страсни прегратки и бакнежи. Ја подигна на раце и ја спушти нејзината задница на коритото. Додека со јазикот и го љубеше деколтето, со рацете го побара нејзиното топло меѓуножје.
Ниту едниот од нив двајца, занесени во својата первезна игра, не ја забележа Естер, која одеше кон бараката. Погледот на жената се скочани кога го здоглеа својот син, нафрлен на страсната италијанка.
– Синко, – одвај успеа да испушти еден крик.
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет