Програмската шема на телевизија Алфа и оваа сезона останува иста како минатата сезона со разлика на тоа што оваа сезона дури нема никаква премиерна сериска програма.
Ако ланскиот септември, Алфа наголемо најави нова сезона со хрватски и српски серии кои се емитуваа во ударни термини, оваа сезона ништо од тоа.
Од понеделник до петок, програмата се состои во главно од домашни емисии. Па така секојдневно се емитува утринска програма, контактна програма со гледачи, политички дебатни емисии кои имаат и репризен термин во денот, како и репризи на македонски народни приказни и емисии од српската риалити програма Проводаџија.
Алфа телевизија во текот на денот не емитува никаква странска серија, странски филм, странска документарна програма, цртани серии или лиценцирани формати.
Дани | ТВ Пакет