Денеска се навршуваат 17 години од смртта на најпопуларниот македонски пејач на сите времиња – големиот Тоше Проески. Македонската икона на 26-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, кај местото викано Нова Градишка, кога автомобилот со кој патуваше се судри со камион.
Неговата смрт го шокираше и потресе целиот регион и остави незаборавен печат во срцата на милиони негови обожаватели. Тоше Проески беше многу повеќе од пејач, тој беше симбол на надеж и љубов. Неговата музика допре до срцата на многумина, а неговата хуманитарна работа го истакна како личност со исклучителна добрина.
Обожуван и почитуван од сите генерации, за нашиот Тоше не постои заборав. Таков глас не се раѓа уште еднаш. Таква интерпретација не се доживува повторно. Такви песни евергрини никогаш никаде и никако не може да се создадат и испеат од било кого.
Почивај во мир, наш ангелу. Ќе останеш секогаш еден, единствен и најголем.
Дани | ТВ Пакет