Авалон Продукција ќе го организира ,,последниот танц” на сцена на Драган Б. Костиќ, по повод 50 години од легендарната ,,Диско селектор”!
На 29 ноември во СЦ Јане Сандански ќе се одржи “Последниот танц” на сцена на една од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани, човек кој има пораснато и музички и културолошки едуцирано повеќе од 5 генерации – Драган Б. Костиќ!
Сосема случајно, но ете, така било пишано, последниот сценски танц на Драган е закажан токму за Денот на бившата голема Република!
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16-ти октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 600 денари.
Исто така, во продажба ќе бидат пуштени и ограничен број на ВИП влезници со високи маси, по цена од 1.000 денари.
Се гледаме на 29ти ноември во СЦ Јане Сандански!
Дани | ТВ Пакет