Почетна / Серии / Српската крими серија „Пет” репризно на Телма во 23:30 часот
Од понеделник до четврток на Телма во 23.30 часот. Репризирањето на серијата стартува во понеделник на 28 октомври 2024 година

Српската крими серија „Пет” репризно на Телма во 23:30 часот

Пет млади жени се протагонистки на оваа серија со„Пет” криминален заговор. По многу години, сплет на околности, ги стави пријателките од детството во центар на пресметката на криминалните кланови. Животот што го живееле пред тоа не ги подготвил за она што требало да им се случи.

Пред нив, од другата страна на законот, во некои луди претходни години, беа нивните браќа, татковци, дечковци, сопрузи… Тие останаа без нив и кога поверуваа дека времето поминало, се случи нешто по што не можеа веќе да останат настрана. Не беа подготвени, грижата за децата, лојалноста кон младешкото пријателство и женската интуиција, ќе ги направи опасни и непредвидливи противници какви што никој не очекувал на криминалната сцена.

Скоро како суперхерои, знаат да победат дури и ако се послаби.
Главните улоги ги толкуваат: Јелена Ѓокиќ, Христина Поповиќ, Марија Каран, Гала Виденовиќ и Милена Радуловиќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!