Оваа година за првпат во историјата на Евровизија, ден пред финалето, Холандија беше дисквалификувана поради пријава од страна на член на екипата на Шведската национална ТВ за недолично однесување на холандскиот претставник.
Шведскиот суд сепак ја отфрли тужбата кон холандскиот претставник кој беше ослободен од било какви обвиненија. По ова, холандскиот национален сервис нагласи дека без промени ќе се повлече од Евровизија. ЕБУ им даде рок до 1 ноември да се изјаснат, но AVROTROS ја соопшти порано својата одлука.
АВРОТРОС официјално го потврди своето учество на Изборот за песна на Евровизија 2025 година, кој ќе се одржи во Швајцарија.
По неколкумесечни преговори и дискусии со Европската радиодифузна унија (ЕБУ), холандскиот радиодифузер вели дека добиле гаранции дека ќе бидат спроведени значителни структурни промени за претстојниот натпревар.
Овие промени се однесуваат на загриженоста покренати од неколку земји учеснички, вклучително и Холандија, во однос на транспарентноста и правичноста во конкуренцијата.
Специфичните промени што АВРОТРОС ги наведе се:
-назначување на менаџер за безбедност во околината на уметникот
-сериозно намалување на снимањето зад сцената
-„безбеден простор“ за уметниците зад сцената каде што нема да бидат вознемирени
-кризен тим составен од претставници на ЕБУ, земјите учеснички и радиодифузерот организатор, така што важните одлуки се носат демократски
-назначувањето на Мартин Грин за нов директор на Евровизија за да ги надгледува овие промени.
АВРОТРОС потврди дека го поканиле Јост Клајн да ја претставува Холандија повторно следната година, но тој одбил. Јост ќе се појави на холандската телевизија во интервју за програмата Ева во 19:00 часот, што е првпат да прави интервју откако беше дисквалификуван од Евровизија 2024 година.
Уметниците, композиторите, текстописците, продуцентите и издавачките куќи се поканети да поднесат оригинална, карактеристична и конкурентна песна што би можела да ја претставува Холандија на евровизиската сцена. Пријавите се отворени од сега до петок, 22 ноември 2024 година.
Македонија за жал трета година по ред нема да учествува на Евровизија, и е единствената земја од поблискиот регион заедно со Бугарија кои не учествуваат на овој музички спектакл.
Дани | ТВ Пакет