Почетна / МК Сцена / Ивона Јо несебично ни ја подарува макфестовската „Себично”

Ивона Јо несебично ни ја подарува макфестовската „Себично”

Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претстави со песната „Себично” – песна која од прва ја освои публиката.

Со својот моќен и контролирано емоционален вокал, Ивона успеа да ја истакне секоја нота и збор во песната, пренесувајќи чувство на болка и растревоженост, но и сила и решителност. На сцената таа настапи самоуверено, но и чувствително, внесувајќи ја публиката длабоко во приказната на песната.

Настапот ја издвои како една од највпечатливите учеснички на фестивалот, а реакциите од присутните во салата и коментарите по социјалните мрежи само потврдуваат дека за нејзината интерпретација уште долго ќе се зборува.

„Одејќи против себе, се казнуваме и нанесуваме штета на себе. Носејќи го товарот од минатото, чувајќи сѐ во срцето, се казнуваме и повредуваме себе си. И себично не пуштаме да се ослободиме од сопствените стеги. За едно сурово. За едно бесрамно и безмилосно време. За едно време кое зема се од мене. Ќе раздени ли нов ден за мене? Има ли свет поубав за мене? Повелете парче душа. Нека патува и стигне до секоја душа која пати и боли”. – кажа Ивона.

Нејзиниот настап беше експлозија од емоции, а воедно и ослободување на сета таа тежина што љубовта може да ја носи со себе. Преку секој тон, таа ја покажуваше и сопствената болка, но и својата сила, правејќи ја публиката да се чувствува како дел од нејзината приказна.

Како композитор и аранжер на „Себично” се потпишува Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова.

Песната останува како емотивна лекција за секоја душа која минува низ свој личен мрак, но и надеж дека низ музиката можеме да најдеме сила за да тргнеме напред. „Себично” не е само песна, таа е порака, крик и молба – за слобода, љубов и мир во сопственото срце.

Дани | ТВ пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!