Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по долга битка со ракот. Веста за неговата смрт ја објави неговиот долгогодишен пријател и соработник, Стефан Лазаров.
Зоки последниве години беше ангажиран во подкастот на Лазаров каде заедно со јутјуберот, правеа вистинско шоу со популарните македонски и балкански јавни личности.
Најпознат сепак стана преку неговата контроверзна емисија Фаци, своевремено емитувана на А1 телевизија која на провокативен и интересен начин се занимаваше со балканскиот шоу биз.
Почивај во мир, драг Зоки.
Дани | ТВ Пакет