Сто и дванаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Алехандро повлече голтка од своето мате и погледна во Естер која нервозно запали цигара.
– Сето ова е план на Артемио за да дојде до богатството, повеќе немам сомнеж, – рече Алехандро. – Она што не го знам е зошто му требаа толку жртви и интриги кога цело време богатството му било пред нос?! Кажи ми искрено, Естер, дали ја познаваш жената која наводно ја имав убиено на Островот?
– Секако дека не. Не треба да ти повторам дека Фабијан и јас не бевме замешани во криманалниот дел на приказната.
– Те молам, не ме потценувај. Фабијан беше оној кој ја донесе мојата лажна посмртница.
– Добро, во затворот му кажале…
– Не се обидувај повторно да ме лажеш, Естер, – ја предупреди со остар тон и зол поглед. – Не е убаво да го лажеш родениот брат. И кажи ми за Гаспар. Што знаеш за неговото исзезнување?
– Ништо, – одговори Естер со трепет во гласот, како и секој пaт кога се спомнуваше тоа име.
– Не ме лажи, Естер. Гаспар те сакаше, искрено и вситински те засака. Гледаше на тебе како девојка која оди по погрешен пат, водена од амбицијата но секогаш велеше дека имаш душа и големо срце.
Ваквите зборови предизвикаа солзи кај неа. Немаше сила да слуша повеќе. Емоциите ја предадоа.
– Велеше дека длабоко во себе ти си добра личност, – продолжи тој, бришејки ги солзите од нејзиното лице. – Те љубеше. Искрено и вистиснки те љубеше.
Таа не можеше да слуша повеќе. Ги стави рацете преку своите уши додека вртеше со главата.
Кога по долгото ѕвонење, Матилде ја отвори вратата од пансионот, пред неа стоеше Артемио.
– Како си ќерко?
– Добро, благодарам. Влези.
– Благодарам, – рече тој и се упати кон холот. Маргарита седеше во двориштето и си играше со птицата.
– Гледам дека имаш друштво.
– Како сте, дон Артемио?, – љубезно го поздрави девојката.
– Добро, благодарам. Матилде, ова е за тебе, – рече, вадејки лист хартија од палтото.
– Што е тоа?, – праша Матилде.
– Копија од мојот тестмент.
– Тестамент?
– Да, – потврди. – Ти си мојата половична наследничка.
Маргарита остана со подотворена уста. Матилде погледна во својата пријателка па во својот татко.
– Секако, за да биде легален тестаментот прво мораш да го прифатиш моето презиме.
– Не, – одби девојката. – Јас нема да го земам вашето презиме.
– Но, така е посигурно, ќерко. Освен тоа, мојот адвокат смета дека така никој нема да се сомнева во твоето право на наследството.
– Ве молам повеќе не инсистирајте. Мајка ми би умрела од срам ако направам нешто такво.
– До бога не биди проста, – ја советуваше Маргарита. – Кога ќе почине дон Артемио ќе бидеш милионерка!
– Маргарита, како можеш да кажеш нешто такво?, – ја прекори Матилде.
– Простете, дон.
– Нема потреба да си извинуваш, девојко. Порано или подоцна сите ќе умреме. Сигурен сум дека мајка ти ќе разбере, ќерко. Висента е интелигентна жена, сигурно ќе ги разбере причините поради кои сакаш да го промениш презимето. Моето наследство на двете ќе ви помогне да живеете без економски проблеми. И секако, нема да мораш да чекаш да умрам за да уживаш во моите пари бидејки ти си моја ќерка и сакам да уживаш во парите додека си млада, бидејки да бидеме искрени, немам намера уште долго да го напуштам овој свет.
Естер веќе ја пиеше последната капка од шишето, сеќавајки се на сите убави спомени кои ги имаше со Гаспар. И секако, не можеше да заборави на оној истрел, на оној куршум истрелан од нејзината рака, денот кога таа самата го уби. Сеќавањата на тој ден ја убиваа. Липаше како мало дете без глас, валкајки се по подот на куќата.
– Прости ми…- шепотеше одвај чујно. – Прости ми…
Држејки ја за рака, Лоренсо ја искачи Висента на највисоката точка на планината, онаму каде што воздухот беше свеж и чист, а гледката го одземаше здивот.
– Не можам повеќе, – рече жената, одвај доаѓајки при себе. – Се изморив.
– Затоа и се потребни вежби понекогаш.
– Лесно ти е на тебе да кажеш. Силен си како карпа.
– А ти се преубава, – рече тој, гледајки ја во очи.
– Те молам, Лоресо, не зборувај така.
– Висента, – го изговори нејзиното име, ставајки ги своите раце во нејзината коса. – Гледај ме во очи. Немој да ми велиш дека не си забележала.
– Те молам, Лоренсо, не ми се допаѓаат вакви игри.
– Не се никакви игри. Вљубен сум.
– Но, како е можно? Ти си згоден, посакуван маж, многу години помлад од мене.
– Годините не се важни. Мене не ми се. Ти си прекрасна жена.
– Те молам, не продолжувај.
– Инсистирам да продолжам. Сакам да бидеш моја жена, Висента, само моја. Те љубам, – додаде и нежно ги побара нејзините усни. Усни на кои со години немало допрено ниту еден друг маж. Усни на сензуална жена, исплашена од нови почетоци. Жена во есента на својот живот која не е подготвена за авантура, но силата на желбата е посилна од разумот. Му се предаде лесно и без двоумења. Се љубеа долго и страсно додека ветрот си поигруваше со нивните коси.
Клеменсија го пречека адвокатот Фернандез во салата на хациендата.
– Добар ден, Клеменсија.
– Како сте, адвокату?
– Добро. Каде е Фабијан?
– Мојот зет не е дома.
– Мислев дека овие документи се за него, – одговори откако седна на фотељата, покажувајки на актовката пред себе.
– Не, туку се за мене.
– Клеменсија, не е дека сакам да се мешам, но Фабијан е едиснтевниот кој има пристап до финансиите на госпоѓа Марија Клара.
Наслушкувајки го разговорот, во просторијата влезе Алехандро.
– Госпоѓица Клеменсија не ги бара финанските пресметки на Марија Клара, – се замеша тој. – Туку моите.
– Омар Фернандез, ова е Алехандро Молина, вториот наследник на хациендата.
Адвокатот гледаше збунето во наследникот.
Откако Алехандро ги прегледа белешките во присуство на адвокатот и Клеменсија, имаше нешто нелогично во документите, па праша:
– Какво е ова земјиште кое го купил Артемио Сантибањез?
– Како?, – изненадено праша Клеменсија.
– Не знаевте?
– Не, – одговори старицата, земајки го подадениот документ од рацете на Алехандро.
– Тоа е една од зделките на господин Фабијан, – објасни адвокатот. – Продаден е мал дел од земјиштето на Ла Луна.
– И чиј дел е продаден?, – праша Алехандро. – Мојот или на Марија Клара?
Маргарита и Матилде уживаа во домашната торта разговарајки за актуелните теми.
– Кажи ми искрено, Маргарита, мислиш ли дека дон Фабијан ќе те земе за жена откако ќе се разведе од Марија Клара?
– Како ти паѓа такво нешто на памет? Тој би умрел пред да земе обична девојка како мене за жена. Не сум толку наивна за да си гаам лажни илузии, Мати. Јас го забавувам, го задоволувам но знам дека тоа е се. Но, знаеш што е иронично? Тоа што смета дека е мачо мен. Но, искрено и не е нешто посебен.
– Не те разбирам, Маргарита.
– Зборувам за во кревет. Сега разбирам зошто откако се вратија од медениот месец, госпоѓа Марија Клара ја напушти брачната соба. Има мал петел, – додаде кикотејки се.
– Навистина не можам да те разберам, Маргарита. Спиеш со женет човек, кој не ти се ни допаѓа. Што е проблемот со тебе?
– Не е дека не ми се допаѓа, ме привлекува бидејки е згоден маж, но не може да задоволи жена во кревет бидејки му е мал.
– Сепак сметам дека си бесрамна, Маргарита и се надевам дека еден ден нема да се каеш.
По заминувањето на адвокатот, Алехандро и прераскажа на Клемеснија за фотографијата која ја имаше Дијана, од жената која наводно ја имаше убиено на Островот.
– Сигурен ли си дека жената од фотографијата е истата која беше најдена во твојот кревет во хотелот, избодена?, – го праша старицата.
– Да, дури и Дијана потврди. Била во хотелот пред некое време, го барала Артемио. Госпоѓице Клемснија, размислував за она што ни го кажа адвокатот Фернандез, за парчето земјиште кое било продадено а и припаѓало на Фернанда. Како можел Фабијан да продаде дел кој не и припаѓа на Марија Клара? Тој има полномоштво да располага само со нејзиниот дел од наследството.
Нивниот разговор го прекина Марија Клара кога влезе во просторијата.
– Што правите овде?
– Разговараме, ќерко, – одговори нејзината тетка.
– Извинете ме, но морам да одам, – рече Алехандро и се повлече.
– Од кога почнавте да разговарате ти и Алехандро?- Марија Клара ја праша својата тетка.
– Мислев дека тоа го сакаш.
– Да, но имам чуство дека разговарате само зад мој грб.
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет