Почетна / Забава / Две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

Две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

На 4 ноември во Tokyo Opera се одржа светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, господинот Kazuhiro Kotetsu, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Исто така истата вечер, во Скопје беше и светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релациа Франција – Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

Дани ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!