Почетна / Забава / Евровизија / Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни дека не треба да го откажуваме учеството на Евровизија дури и последни да сме секоја година. Било која можност за афирмација и учество на Македонија во било кој меѓународен натпревар и споменувањето на Македонија на такви настани не смее да се пропушти. Македонската Радио Телевизија постои за да продуцира музика и да ја афирмира музиката и кулутурата на Македонија и како е можно така лесно да се откаже една таква прилика за афирмација., е ставот на Програмскиот совет на МРТ, кој беше истакнат на седницата која се одржа минатиот месец.

Во Записникот стои и дека :

Претседателката на Програмскиот совет даде своја забелешка дека треба на една посебна
седница да се расправа само за Евровизија и да се ангажираме и да направиме напори за
учество на овогодинешниот Евросонг доколку сеуште е можно такво нешто.

,,Фокус” известува дека разговарале со лице вработено во МРТ, вклучено во случувањата околу Евровизија, кое не е овластено да дава официјални изјави, но неформално ни го пренесе генералниот став на јавниот сервис, а тоа е дека Евровизија е настан на кој земјата секако треба да учествува, без оглед на пласманот.

– За наредната година, најверојатно веќе е доцна за учество, сепак е потребна голема организација, но во интерес на сите е да продолжиме со учеството на Евровизија, можеби веќе во 2026 година. Секоја година слушаме критики од јавноста, и тие се добредојдени во насока да се подобри организацијата, но за жал сведочиме и на непотребен јавен линч.

Ова е забавен настан на кој се промовира земјата, согласни сме дека се потребни промени кога е концептот на избор на песна и претставник во прашање, но треба да и се погледне на реалноста во очи. Верувајте дека даваме се од себе, ама на Евровизија нема правила. Друг аспект е и оној финансискиот. Факт е дека одиме со буџет далеку помал од оној на другите земји. Пред неколку години, на пример, на Евровизија, од соседна Србија дури имаа изнајмено и просторија за состаноци на нивната делегација во хотелот каде беа сместени делегациите, до толку беа организирани, но и финансиски поддржани. Да не ја игнорираме вистината дека ние не сме богата земја, и од она кое ни е на располагање, се трудиме да го извлечеме максимумот, кажа изворот од МРТ за Фокус.

За споменување е дека ЕБУ лани на Романија и во 2014 на Словенија им дале можност до 15 јануари да се изјаснат им го продолжиле рокот што значи постојат реални шанси за враќање на земјава на големиот евровизиски спектакл доколку челниците на телевизијата одлучат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

error: Содржината е заштитена!