Почетна / Филм / На веб страните на ТВ 24 и Алфа нема инфо за филмовите кои одат во етер

На веб страните на ТВ 24 и Алфа нема инфо за филмовите кои одат во етер

Сител, Канал 5, Македонската радиотелевизија и Телма се телевизиите кои најмногу инвестираат време и експертиза во програмските содржини на своите веб страни.

Доколку ги посетите веб страните на било која од овие телевизии, ќе забележите дека програмските водичи се со целосна точност постојано, а во делот за содржини кои се емитуваат (емисии, филмови, серии) има континуирано и точно известување за термините на емитување, како и за самата содржина.

Секоја чест особено за МРТ и Телма кои за филмовите кои ги емитуваат премиерно, информираат со целосна содржина на филмот, термин на емитување, оригинален наслов и трејлер.

Па ко воли, нек изволи. Да се гледа филм на Телма и МРТ е очигледно задоволство, затоа што однапред гледачите и читатели се запознаени што и кога се емитува.

За разлика од нив, на веб сајтот на ТВ 24 нема редовно известување за содржината на филмските наслови кои се емитуваат, па така гледачите кои сакаат да се информираат за точната содржина и оригинален наслов на филмот, ќе залутаат во делот за Филмови каде последните ажурирани наслови се од пред неколку седмици. За оние кои тековно и во наредните денови ќе се емитуваат, нема информации.

На веб страната на Алфа, пак, нема никакво известување за серии, филмови, содржини кои редовно се емитуваат на телевизијата. Овде не говориме за поставување на политичките емисии на веб страната, туку информации за гледачи во однос на тоа кој филм се емитува вечерта на полноќ, дали и кои серии се емитуваат, има ли некакви документарци, српски риалити емисии, кои се тие и така натака.

На веб сајтот на Алфа, програмскиот водич е очигледно неизменет долги месеци, па така за саботна и неделна програма стои уште серијата Конакот на Хилмије која заврши со емитување на оваа фреквенција пред неколку месеци.

Играниот филм кој се емитува на полноќ останува непознат за гледачите, а нема никаква информација околу содржината, актерската екипа или самите филмски наслови. Игран филм – ништо повеќе.

Воедно, како што веќе пишувавме, на веб страната на телевизија Алфа, стои се уште најава за есенска програма за минатата година, кога и турската серија Плачот на виолината беше емитувана.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!