Пред два месеци, турските медиуми ја објавија веста дека ѕвездата од серијата „Азиз“ почувствувал проблеми и болки во окото, а кога веќе бил на лекар, тие го советувале да се оперира.
Се уште не се објавени или откриени деталите за операцијата на која турската ѕвезда беше подложена, но потоа актерот откри дека му треба само една недела одмор, а дека неговата здравствена состојба е добра и постојано се подобрува.
Во тој контекст, турската ѕвезда беше принуден да престане да ги снима своите сцени во неговата нова серија поради операцијата, но продолжи со работа откако се подобри неговата состојба и лекарот му дозволи нормално да го живее својот живот.
Моментално, Мурат Јилдирим го гледаме во новата историска романса “Азиз” која се емитува секоја вечер на телевизија Сител. Серија за човекот кој повторно се роди, се издигна како феникс од пепелта во која го фрлија и ја почна својата голема борба за правда и слобода.
Дани | ТВ Пакет