Во стандардниот термин од 13.45 часот, Телма телевизија започна со емитување на најновата хит теленовела. “За љубовта нема рецепт” ќе се емитува на оваа фреквенција на задоволство на многутте фанови на овој тип на содржини.
Но, она што е чудно е што Телма буквално никаде на социјалните мрежи не ја промовира серијата за разлика од претходните од овој тип кои беа прикажани. Ниту на ФБ, ниту на Инстаграм, ниту на YT, серијата не се промовира.
Единствено на веб сајтот на телевизијата стои најава дека истата ќе се емитува и тоа наскоро. Започната со емитување, а никаде ниту најава, ниту термин, ниту точна информација.
Без разлика што овој тип на програми се првенствено наменети за пензионери и домаќинки кои ги следат во дневните термини, сепак истата таа таргет група е можеби и најактивна на ФБ и следи сето она што го пласираат порталите. Па, за истите Телма треба да овозможи и навремено и точно информирање.
Дани | ТВ Пакет