Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (51. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (51. продолжение)

Моналиса се врати назад во кујната, додека солзите лиеа по нејзиното лице. Го тресна послужавникот на масата и клекна на подот, потпрена на столбот, не можејки да ја сопре горчината која ја чуствуваше во тој момент. Нејзината тетка ја затекна во таква состојба.
– Што се случило, Моналиса?
– Ништо,- одговори девојката, бришејки ги солзите.
– Не ми вели ништо, бидејки нешто се случило.
– Не, се е во ред, тетко, само сакам да бидам сама,- инсистираше девојката, која стана од подот и седна на кујнската маса.

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 51 – „Естер кова план да ги раздели Елиса и Енцо“

 

Моналиса се врати назад во кујната, додека солзите лиеа по нејзиното лице. Го тресна послужавникот на масата и клекна на подот, потпрена на столбот, не можејки да ја сопре горчината која ја чуствуваше во тој момент. Нејзината тетка ја затекна во таква состојба.
– Што се случило, Моналиса?
– Ништо,- одговори девојката, бришејки ги солзите.
– Не ми вели ништо, бидејки нешто се случило.
– Не, се е во ред, тетко, само сакам да бидам сама,- инсистираше девојката, која стана од подот и седна на кујнската маса.
– Што се случило, белисима? – инсистираше Кристина, седнувајки до неа на масата. – Повторно ти досадуваше Рикардо?, – ја праша со благ тон.
– Не.
– Тогаш кој е задолжен за овие солзи?,- го повтори прашањето, бришејки и ги солзите од лицето.
– Никој.
– Дали си сигурна, Моналиса? Погледни ме. Не ми вели дега Господарот ти фрлил мерак?!
Девојката премолче, но молкот кажуваше илјада зборови.

Елиса ја држеше левата страна на лицето. Образот и гореше, сеуште чуствувајки ја мајчината рака на себе. Во животот ја немаше видено толку бесна. Очите и гореа како пламен.
– Нема да дозволам да продолжиш да ме не ме почитуваш, Елиса!
– Дали ти го почитуваше татко кога се гледаше насамо со Енцо?
– Моето со тој човек заврши и веќе ти кажав. Мораме да го послушаме татко ти и да се држиме настрана од него.
– Не можам. Не го барајте тоа од мене. Јас го љубам Енцо. Го љубам, мајко.
– Тоа е погрешна љуобв, Елиса. Енцо Анџели не е човек за тебе. Заборави го.
– Јас го љубам Енцо и не ми е грижа за вашето мислење.
– Не ме терај да направам нешто за што ќе зажалам, Елиса!
– Што ќе направиш? Ќе му кажеш на татко? Ајде, оди, оди и кажи му.
Естер погледна во својата ќерка. Во нејзините насолзени очи виде очај и незадоволство. Ја напушти собата без збор.

По расправијата која ја имаше со Елиса, Естер ги собра своите постари синови во работната соба. Откако еден по еден дојдоа и Рикардо и Анибал, Естер пријде до нив и им призна дека е загрижена за Елиса.
– Секој ден ја гледам се повеќе тажна и повлечена во себе.
– Мамо, Елиса отсекогаш била таква, – рече Рикардо.
– Не, не, мама е во право Рикардо, – се замеша Анибал. – и јас забележав нешто поинакво кај Елиса.
– Сакам да знам дали смеам да сметам на вашата помош?
– Што би можеле да направиме ние?, – праша Анибал.
– Сметам дека најдобро за Елиса е да ја запознаете со некој ваш пријател.
– Мајко, дали си сериозна?, – ја праша Рикардо. – Јас никогаш нема да дозволам мој пријател да ја допре мојата сестра.
– Затоа и ќе бидете внимателни.
– Мене не ми доаѓа никој на памет, – се бранеше Анибал. – Јас немам многу пријатели во Назаре, бидејки целата моја адолесенција ја минав во манастир.
– А што е со тебе, Рикардо?, – Естер го праша помалиот син. – Се сеќаваш на твојот пријател Луис Анжел Бара? Оној кој помината едно лето со нас на фазендата.
– Да, но Луис Анжел е здодевен. Освен тоа со години не сум бил во контакт со него.
– Колку е поздодевен, толку подобро. Дали би можел уште денес да му пратиш телеграма?
– Претпоставувам.
– Би ти била вечно благодарна, – рече Естер низ блага насмевка. – Уште ова. Не сакам Елиса да дознае за овој разговор, а вашиот татко уште помалку.
– Зарем татко не треба да знае за ова?
– Секако дека не треба да знае, Рикардо. Фаусто ја гледа Елиса како девојче, не би се сложил да и најдеме додворувач.
– Ако така сакаш, сметај на нас, мајко, – рече Анибал во доверба.

Елиса сеуште ја чуствуваше цврстата рака на својата мајка на образот. Стави шамивче со облоги од камилица и така легна на креветот, додека солзите самите течеа по нејзиното лице. Во таква положба ја затекна Алис.
– Елиса, што ти е?
– Ја мразам, не можам да ја поднесам…
– За кого зборуваш?
– За мојата мајка. Ти се верува ли дека ми замавна шлаканица?!
– Извини, но мислев дека вие две сте во добри односи. Што се случи?
– Ништо и кажав дека бев кај Енцо.
– Но, Елиса, како си можела да и го кажеш тоа? Естер никогаш нема да биде на твоја страна. Мајките се најмалку разбирливи суштества на планетата.
– Помниш ли кога ти кажав дека постои и друга жена која е вљубена во Енцо?
– Секако дека се сеќавам, – девојката се претвори во уво.
– Таа жена е мојата мајка.
– Сигурна си?
– Ги видов како се бакнуваат. Но мајка мисли дека сум кукавица и верува дека не сум способна да се борам за човекот кој го љубам.

Денот беше свежо роден, петлите го најавија раѓањето на сонцето, кога Анибал влезе во работната соба на својот татко кој очекуваше вести за брачната ноќ меѓу младенците.
– Алис по малку се навикнува на брачниот живот, – одговори Анибал. Знаеше дека само таквиот одговор може да го израдува неговиот татко.
– Немам време за чекање, Анибал. Сакам да бидам дедо и веднаш! На оваа земја и се потребни наследници. Кога ќе умрам сакам да бидам сигурен дека на оваа земја ќе оставам потомци.
– Да, татко.
– Сакам добри вести најскоро што е можно.
– Ветувам дека ќе ти дарам многу внуци, татко. Многу наследници.
– Тоа ми се допаѓа. Ајде сега, да одиме на обиколка пред појадокот.

Естер ја надгледуваше Моналиса која ја сервираше трпезата за појадок. Тоа утро, Марија Грација имаше подготвено италијанска кујна во која фамилијата често уживаше.
– Носам одлични вести мајко, – до Естер допре гласот на својот помлад син кога влезе во трпезаријата. – Добив телеграма, одговор од мојот пријател Луис Анжел.
– И што вели?
– Вели дека нема проблем да помине некое време со нас на фазендата.
– Одлично, – воздивна Естер. Планот да ја тргне својата ќерка од Енцо полека се остваруваше.
– Но, има еден услов.
– Кој?
– Вели дека татко му е во тешка, финанскиска криза и побара ние да му го плаиме патот.
– Не верувам дека тоа ќе претставува проблем.
– Најдобро е ништо да не му кажуваме на татко. То јне би сакал ние да му плаќаме за патот.

Алис почуствува нечие присуство над својот кревет кога се разбуди тоа утро. Ги отвори очите и го забележа Анибал како свежо истуширан стоеше покрај креветот, додека капките вода сеуште лизгаа по неговото тело, потемнето од сонцето.
– Колку е часот?, – праша девојката, имајки чуство дека претерала со спиење.
– Помина десет. Веќе појадувавме.
– Што правиш гол?
– Сакам да спијам со тебе, Алис.
– Сега?
– Да, сега, – одговори и ги слече боксериците. – Мојот татко сака внуци и јас морам да му ги дадам.

По појадокот, Фаусто излезе на тремот и запали цигара. Се одеше според планот. Жетвата беше речиси при крај а продажбата беше една од подобрите во последните години. Всушност, најдобрата продажба по војната. До тремот дојава Антенор на својот коњ. Носеше вести за својот Господар.
– Дон Фаусто…
– Што се случило, Антенор?
– Енцо Анџели пронашол злато. Најмил луѓе од селото да му помогнат да го најде остатокот!

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!