Од понеделник до петок на Телма телевизија во 13.45 часот се емитува новата мексиканска теленовела “За љубовта нема рецепт”, која веќе по првите емитувани епизоди ги освои љубителите на овој телевизиски жанр.
До нашата редакција и форум стигнаа многу пораки и пофалби за серијата, а во продолжение издвојуваме дел од нив.
- И овој термин ми одговара после работа, така што може да се погледне.
- Ова е слично на Непобедлива, истиот амбиент, некако ептен ме посеќа.
- Се работи за интересна приказна, инспирирана од секојдневните проблеми со кои се соочуваат многу земји низ светот, па и Мексико.
- Лол а јас се чудев од кај ми е позната оваа лошкава, а таа да ти била на Флоресита сестра ѝ.
- Ауууу ова делува моќно!!!
Толку тензија, драма, случувања, мафии, умирачка, бебиња, злоба, насилство, сѐ во еден пакет само, ами натаму што да очекуваме? -
Ентрадата ја видов, топ ми е, како шпиците на Карла Естрада сериите.
- Мене ми се свиѓа ова.
Не е спектакуларно како Непобедлива, помирна е, но пријатна е за гледање. -
Алтаир Харабо добро се држи како негативка, мислам и во други новели има глумено како негативец, ама далеку е од Марлене Фавела и Едит Гонзалез, ама сепак мислам дека има капацитет да ескалира како добар негативец.
Протагонисткава е супер, мислам дека ѝ лежи улогата, за протагонистов ист како и во Непобедлива, само овде е посталожен, помирен, не е до толку очаен и мизерен како во Непобедлива, мислам како карактер во серијава, како актер е супер.
- ТВ Телма и овој пат направила добар избор. Со душа ја чекавме оваа серија и оп, ете ја на екраните. Жива среќа што не одат репризи преку ден како што тоа го прават некои други.
- Се надевам Телма ќе продолжи со овие серии, уште лиценцирано шоу им фали и ќе бидат супер.
- Телма телевизија – телевизија за сите. Ние што сме дома тој термин со задоволство почнавме да ја следиме Ел амор но тиене рецета.
- За љубовта нема рецепт, серија од перото на големите мексикански продуценти и автори. Добра серија, нема што, продолжуваме да ја гледаме и да дознаеме дали Пас конечно ќе си ја најде изгубената ќерка.
А доколку и вие сакате да знаете дали Пас ќе ја пронајде исчезнатата ќерка, тогаш останете со Телма во дневниот термин и следете ја мексиканската теленовела За љубовта нема рецепт. Епа нема.
Дани | ТВ пакет