Почетна / Забава / Евровизија / Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со кој се избра претаставникот на Црна Гора по две години пауза. Црна Гора се враќа на Евровизија со фестивал и тоа на голема врата. Беа изведени 16 песни, во различни стилови, од балади, поп, рок и останато.

Една од водителките беше и последната претставничка на Евровизија за Црна Гора во 2022, Владана која пееше песна на Дарко Димитров во Торино, Италија. За време на паузата од гласањето настапија и две евровизиски ѕвезди, нашата Елена Ристеска, која водителката Владана ја најави на одличен македонски јазик и победникот на Евровизија 2023 Емили Де Форест од Данска. Победникот беше избран преку 50% гласање на жири и 50% гласање на гледачите.

Во жирито оваа година беа големи евровизиски ѕвезди од странство и тоа нашата Елена, која ја претставуваше Македонија во 2006 година, Хари Мата Хари, претставникот на Босна во 2006 година, Дадо Топиќ, претставникот на Хрватска во 2007 година, Тијана Богичевиќ, претставничката на Србија во 2017 година и Даниел Поповиќ, преставникот на Југославија во 1983 година со хитот Џули. По гласовите на жирито и публиката за претставник на Црна Гора во Базел, Швајцарија ќе бидат бендот Neonoen со песната Clickbait.

Црна Гора е првата земја која ја избра песната за Евровизија во 2025. Со ова докажа дека по две години пауза, националниот сервис РТЦГ работел напорно да направи фестивал, да повика во Подгорица евровизиски гости од странство вклучувајќи и поранешна победничка и со тоа да докаже дека и малите земји може рамноправно да се натпреваруваат и со најголемите на Евровизија.

Македонија за жал трета година по ред нема да учествува, ниту пак има некакви најави дека се прават напори или планови за враќање на земјата на овој најпрестижен музички натпревар во светот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

error: Содржината е заштитена!